еМагазин
Image default
Македонија

Прекината расправата за пописот

Собраниската Комисија за европски прашања на која на дневен ред е Предлог-законот за попис на населението, домаќинствата и становите во 2020 година, ја прекина дебатата.

По изгласувањето на дневниот ред на седницата, претседателот на Комисијата Артан Груби истакна дека ја прекинува работата по оваа точка заради потреба од дополнителни усогласувања помеѓу политичките партии во врска со овој Предлог-закон.

Претходно, пратеникот од опозициската ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев побара Предлог-законот за попис да се повлече. Предлогот го оцени како како штетен и неевропски, кој не ги исполнува критериумите на ОН за спроведување попис на население.

– Апсолутно е приоритет да имаме попис во Република Македонија според критериумите на Евростат, на ЕУ и ОН. Овој вака предложен закон од власта на Зоран Заев и неговиот Завод за статистика во кој немаме никаква доверба апсолутно не е на таа линија. Законот треба да се повлече и да се види што и како понатаму затоа што граѓаните се масовно незадоволни од Предлог-законот за попис, рече Ѓорчев.

Неговото барање не беше ставено на гласање.

Претседателот на Комисијата, Груби најави дека седницата за попис ќе биде дополнително закажана, а Комисијата продолжи со работа по 46-та седница на која на дневен ред е Предлог-законот за јавни набавки во областа на одбраната и безбедноста во второ читање.

Ова е второ одложување на расправата за Предлог-законот за попис на матичната Комисија кој влезе во Собрание со европско знаменце. Првата седница требаше да се одржи на 10 јуни, но беше откажана.

МИА

ПОВРЗНИ ВЕСТИ

Предлог-законот за попис во Собрание: Ќе се преброиме ли конечно?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Одложено судењето за случајот „Плацеви на Водно“, обвинителката Стефанова ќе се тестира за Ковид-19

Редакција

Нееднаков третман кон граѓаните кои си ги платија документите, утврди Комисијата за спречување и заштита од дискриминација

Редакција

„Да сум сакал да бегам, ќе сум бегал“, рече Камчев на судењето за „Плацеви на Водно“

Редакција