еМагазин
Image default
Македонија

Прекинато судењето за насилството во Собрание, оти обвинетиот Мунир Пепиќ треба да оди на интернист

По разговорот со лекарите од Итната медицинска помош, судијката Добрила Кацарска рече дека расправата за настаните на 27 април минатата година во Собрание ќе се одложи, бидејќи обвинетиот Мунир Пепиќ треба да оди на интернист.

Ново рочиште закажа за 21 септември.

Пред сослушувањето на третиот сведок Курто Дудуш, судењето за настаните на 27 април минатата година во Собрание на РМ беше прекинато, бидејќи му се слоши на Пепиќ. Судијката Добрила Кацарска даде пауза од половина час, а интервенираше и Итна медицинска помош.

На следното судско рочиште за настаните во Собранието на 27 април треба да сведочат Курто Дудуш, Душица Мрѓа, Агим Нухиу, Сашо Тасевски, Владимир Трајков…

Обвинетите во случајот за настаните од 27 април се товарат за терористичко загрозување на уставниот поредок. Тие пред судот кажаа дека го разбираат обвинението, но не се чувствуваат за виновни.

На обвинителната клупа се Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Крсто Мукоски, Љупчо Димовски, Јохан Тарчуловски, Митко Чавков, Митко Пешовски, Душко Лазаров, Горан Јошевски-Леви, Оливер Поповски, Оливер Радулов, Сашко Марковски, Мунир Пепиќ, Абдуљфета Алими, Елена Доцевска-Божиновска, Иван Цветановски, Борис Дамовски, Богдан Илиевски-Бетмен, Владо Јовановски, Игор Дурловски, Стефан Младеновски, Михаил Младеновски, Захарие Симовски, Младен Додевски, Јане Ченто, Горанче Ангеловски, Игор Југ, Илија Славески, Влатко Трајков, Вилијам Михајловски, Никола Митревски-Кољо, Александар Василевски-Нинџа и Митре Питроповски.

МИА/Фото: Кривичен суд

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени седуммина болни од Ковид-19

Редакција

Во моментот во Брисел се разгледуваат промените на Кривичниот законик, вели евроамбасадорот Гир

Редакција

Бугарските навивачи пред нападот вербално се расправале со случајни минувачи во Чаир: Детали од Обвинителството

Редакција