еМагазин
Image default
Македонија

Престанува мандатот на сите обвинители на СЈО: Утре ќе се одлучи дали ќе се вратат во матичните обвинителства

Со истекувањето на мандатот на Катица Јанева, која вчера беше разрешена од функцијата јавен обвинител, престанува и мандатот на другите обвинители на Специјалното јавно обвинителство (СЈО).

Советот на јавни обвинители утре ќе ја продолжи седницата кога ќе биде констатиран престанок на нивниот мандат и ќе биде донесена одлука дали да се вратат во нивните матични јавни обвинителства.

– Ќе мораме да ги примениме одредбите од Законот за специјално јавно обвинителство за престанок на нивната функција, затоа што таму е предвидено дека нивниот мандат не може да го надмине мандатот на специјалниот јавнен обвинител. Тоа в понеделник ќе го констатираме само со одлука.

Став на Советот е дека не постојат услови за поставување на вршител на должност во Специјалното јавно обвинителство имајќи го во предвид самиот Закон за СЈО каде е наведено дека предлогот за именување на специјален јавен обвинител го дава Собранието. Очекуваме предлог од Собранието и ако биде доставен ќе постапиме по предлогот, бидејќи законот се уште е во важност, рече претседателот на Советот на јавни обвинители, Ацо Колевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков крај на мандатот на Јанева: Ем притворена ем разрешена, а можеше да биде симболот на борбата против корупцијата

Советот на јавни обвинители едногласно ја разреши Катица Јанева

Собранието ја разреши Јанева

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Петмина македонски офицери се вклучуваат во командната структура во НАТО

Редакција

Мирно заврши протестот против „францускиот предлог“, дел од демонстрантите ќе спијат во шатори

Редакција

Двајца мигранти од Сирија загинаа откако „Ауди“ удри во полициско товарно возило

Редакција