еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

Убава вест: Преку донатори се обезбеди и вработување за таткото и братот на Верица, чии органи спасија неколку животи

Министерот за здравство Венко Филипче денеска информираше дека за таткото и братот на Верица Балчовска, чии што органи беа донирани, се обезбедени вработувања.

„Утрово се сретнав со семејството на младата Верица Белчовска, чии органи беа донирани и спасија животи. Најмалку што можеме да сториме за овие неизмерно хумани луѓе е да им помогнеме.

Преку донатори се обезеди вработување за таткото и братот на Верица, а на почетокот од месецов, Владата им додели на користење стан во општина Струмица.

Белчовски донесоа одлука која нема цена, тие на сите ни покажаа што значи да си човечен, ова семејство во моменти кога го изгубија најмилото, мислеа како да спасат други животи, за што сите сме им вечно благодарни,“ напиша Филипче на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Убава вест: Семејството на Верица, која спаси неколку граѓани, ќе добие стан на користење во Струмица

Фото: Фејсбук/Филипче

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БДП пораснал за 0,6% во четвртиот квартал лани

Редакција

(Галерија) Иванов со семејството на литургија во Соборниот храм: Да го сакаме, почитуваме и чуваме тоа што го имаме

Редакција

Нови 135 случаи на Ковид-19 од 1.661 тестови

Редакција