еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Премиер лига ексклузивно на Арена спорт каналите, Кристал Палас и Арсенал за почеток на новата сезона

Со почетокот на новата фудбалска кампања во Премиер лигата почнува новата ера на Арена спорт каналите. Арената спорт каналите, кои што се дел од понудата на сателитската телевизија MSat Tv, од годинава ексклузивно ќе ги пренесуваат сите натпревари од веројатно најпрестижното национално фудбалско првенство, информираат од таму.

Честа да ја отворат новата натпреварувачка сезона во Премиер лига им припадна на тимовите на Кристал Палас и Арсенал. Натпреварот ќе се одигра на вечерва на стадионот на домаќините Селхрст Парк во Лондон.

Но, покрај ексклузивните преноси од Премиер лига, гледачите како и досега само на Арена добиваат можност да уживаат во врвните фудбалски збиднувања и во француската Лига 1, шпанската Ла Лига која стартува на 12 август, италијанската Серија А, но и натпреварите од македонската лига во фудбал.

Арена ќе ги пренесува и натпреварите од престижната Лига на шампиони, како и Лига на Европа и Лигата на нации и од претстојното Светско првенство во Катар.

За љубителите на одличните кошаркарски натпревари Арена ги пренесува натпреварите од американската НБА и АБА Лигата, а вљубениците во ракометната игра имаат можност да уживаат во ЕХФ Лигата на шампиони.

Msat TV е достапна секаде низ Македонија со понуда од три различни пакети на телевизиска содржина од кои што може да избирате согласно вашите желби. Сите Арена Спорт канали се вклучени во секој од пакетите на mSAT TV, а новите претплатници дополнително добиваат и 50 отсто попуст на претплатата за првите 12 месеци.

Подгответе се за највозбудливите спортски доживувања и нарачајте mSAT TV преку веб страната www.mtel.mk, на телефонскиот број 15 010 или во салоните на продажната мрежа на Мтел Македонија и уживајте во натпреварите од Премиер лигата и останатите спортски возбудувања преку Арена каналите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Зоолошка градина Скопје- прва институција оспособена за лица со оштетен вид

Редакција

Skopje Run 10K и СОС Детско село со голем чекор во поттик на хуманоста преку #СекојКилометарЗначи

Редакција

(ВИДЕО) Васе Панчовски, кој го фати крстот во Делчево, освоениот телевизор го донираше на семејство

Редакција