еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Премиерот Оливер Спасовски негативен и на второто тестирање на корона вирусот

Премиерот Оливер Спасовски на Фејсбук објави дека е негативен и на вториот тест за корона вирусот, за кој резултатот го добил денеска. Воедно и порачува дека е многу е важно сите да ги почитуваат мерките и препораките.

„Многу е важно сите до еден целосно да ги почитуваме мерките и препораките. Секој од нас може да даде придонес за јавното здравје за наскоро да можеме заедно да го вратиме животот во новата нормала.

Им благодарам на сите за поддршката. Останува и понатаму да внимаваме и да ги почитуваме мерките на предострожност. Да носиме заштитни маски, да држиме физичка дистанца од два метри, да се чуваме, а со тоа да ги чуваме и другите.

Секој што ги почитува мерките спасува здравје и живот. Само со заеднички придонес, полесно и побрзо ќе ја добиеме битката со Ковид-19“, напиша Спасовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Енигма што прават Спасовски и Филипче во изолација

Премиерот Оливер Спасовски најави дека ќе се тестира за корона вирусот

Филипче излегува од изолација: И вториот тест за корона вирусот е негативен

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Како ќе се урнат 409 дивоградби во Охрид за да се исполни условот за УНЕСКО, кога една дива платформа на Матка неможат да срушат

Редакција

(Фото) Владата се уште држи седници без заштита на министрите против корона вирусот

Редакција

За Македонците нема влез во ЕУ до септември

Редакција