еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Премиерот за споредбата со Тито: Аман, јас сум Заев од село Муртино

Аман, јас сум Зоран Заев од село Муртино, Струмичко, вака одовори премиерот Зоран Заев за споредбата со Јосип Броз Тито, што ја направи директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски гостувајќи во телевизиска дебата со Александар Пандов.

– Значи, со директорот на Агенцијата за млади и спорт имаме одлична соработка, тој е и претседател на младината во СДСМ, но ние не негуваме такви вредности ниту во партијата, ниту во владата, ниту во владините институции, ниту во државата. Ние сме едно мало мултиетничко општество и треба да градиме другарство, еднаквост, пријателство, рече Заев на заедничка прес-конференција.

Каевски пак вели дека не го споредил Заев со Тито, туку кажал дека неговите родители се гордеат што живееле во времето на Тито и дека ќе дошло време кога ние ќе се гордееме што сме го решиле спорот за името.

„Тоа ќе ни отвори просперитет, иднина, прогрес за сите млади, за да можат да споделуваат европски вредности,“ додаде Каевски.

Тие денеска ги примија олимпијците од спортските Параолимпијади и Специјални Олимпијади на кои им беа доделени признанија за постигнатите резултати.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Друже Зоќи, љубичице бела, тебе воли омладина цела“: Твитер за споредбата на Каевски на Заев со Тито

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Доктор Докиќ: Променет вкус, кашлица, главоболка и губење на енергија се најчести симптоми на омикрон

Редакција

Променливо облачно време денеска, попладне со пообилни врнежи од дожд на пониските и снег на повисоките места

Редакција

Градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски позитивен на Ковид-19

Редакција