еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Премиерот Заев со киднапирањето и амнестијата му го зема приматот на Груевски во медиумите

Беа доволни само еден ден и две изјави на премиерот Зоран Заев за целосно да се смени сликата во македонските медиуми во кои наместо пребеганиот Никола Груевски примат доби премиерот Зоран Заев.

Имено, не стивнуваат реакциите по вчерашната изјава на Заев дека Груевски можеби бил киднапиран, а уште поголемо изненадување беше изјавата со која тој најави помирување односно амнестија на лицата од опозицијата за да има мир во куќата односно смирување на политичката состојба во Македонија.

Се наметнуваат прашањата на какви сознанија е базирана изјавата за киднапирањето и за екстериторијалноста на унграската амбасада. Дали Заев има информации и докази за вмешаноста на унгарските власти во пребегнувањето на Груевски и доколку е така, како тој го објаснува фактот дека Груевски непосредно пред бегството ги испразнил своите банкарски сметки, како што се шпекулира.

Уште поголема дилема отвара изјавата со која на некој начин Заев најави дека се подготвува амнестија за лицата од опозицијата со што станува јасно дека во Македонија политичките влијание и одлуки може лесно да ги стават во сенка судските процеси и дека единствено политичарите се категорија на граѓани кои не подлежат под законски санкции за своите дела.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нема ни куќа, ни стан, ни автомобил: Каков имот пријавил бегалецот Никола Груевски

Твитер „збесна“ по изјавата на Заев за можното киднапирање на Груевски: „Владата ќе собира пари да го откупи“

Заев: Бев свесен дека Груевски може да побегне уште кога ги објавив „бомбите“

Заев прашува дали Груевски доброволно ја напуштил Македонија или е киднапиран

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За Израел резолуцијата на ОН е „одвратна“, Палестина и Хамас ја поздравија

Редакција

Од Ковид-19 починаа 31 лице, најмладиот пациент на 38 години

Редакција

Денешните пријави за бомби се лажни, утврди МВР

Редакција