еМагазин
Image default
Бизнис

Преполовена добивката на Комерцијална банка: За три месеци профит од 3,5 милиони евра

Во периодот од 01.01-31.03.2020 година Комерцијална банката од своето работење оствари позитивен финансиски резултат во износ од 217,5 милиони денари (3,5 милиони евра) наспроти остварениот позитивен финансиски резултат во истиот период минатата година во износ од 435,2 милиони денари (7 милиони евра), што претставува намалување за 50%, соопшти банката преку Македонската берза.

„Планираната бруто-добивка за првиот квартал од годинава е остварена со 44,4%. Намалувањето на бруто-добивката е резултат на поголемиот износ на исправка на вредност на финансиските средства на нето основа, при остварен пораст на редовните приходи од работењето.

Притоа, остварената добивка пред исправка на вредност, која претставува показател за оперативната способност на банката да ги покрива расходите од работењето, е за 10,3% поголема во однос на истиот период минатата година.

Зголемувањето на добивката пред исправка на вредност главно произлегува од зголемувањето на нето-приходите од камата пред се’ од секторот домаќинства, а во помал дел и од секторите држава и нефинансиски друштва, како резултат на зголемено кредитирање.

Исто така, зголемување бележат нето-позитивните курсни разлики и останатите приходи (приходи од капитална добивка од продажба на преземен имот и поголем износ на наплатени претходно отпишани побарувања).

Позитивниот резултат од работењето банката го оствари во услови кога е прогласена вонредна состојба во државата, почнувајќи од 18.03.2020 година, поради пандемијата со ковид-19, при што ваквата состојба продолжува и во следниот период и банката се соочува со неизвесност во однос на последиците од здравствената и економска криза која е од глобални размери“, информираат од банката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Комерцијална банка ќе исплати дивиденда од 550 денари по акција

Комерцијална банка ќе исплати дивиденда спротивно на препораките на Народната банка

Комерцијална банка лани им исплатила 2,3 милиони евра на 50 менаџери 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Лотарија на Македонија лани работела со намалена добивка

Редакција

Агенција за странски инвестиции и промоција на извозот ќе потроши 4 милиони денари за авионски карти

Редакција

Кукутанов природни вина со богат вкус за комплетно уживање!

Редакција