еМагазин
БЕСПАРИЦА

Препораките на РКЕ остануваат на сила: Нема исклучување од струја, парно и вода додека е вонредна состојба

Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) информира дека останува во сила препораката што пред две недели ја упатија до компаниите кои што се вршители на енергетски дејности, како и до јавните претпријатија што се даватели на водни услуги  поради состојбата со пандемијата Ковид-19, односно да се воздржат од исклучување на граѓаните од соодветните системи за снабдување со електрична енергија, топлинска енергија и вода поради неплатени сметки додека трае вонредната состојба.

„Практично со ова известување сакам да им соопштам на граѓаните да бидат сигурни дека нема да има исклучување од струја, парно и вода додека вонредната состојба е на сила.

Во исто време сакам да изразам благодарност до компаниите и јавните претпријатија чие работење е под надлежност на РКЕ кои веднаш позитивно одговорија на препораката и во овој периодот покажуваат солидарност и општествена одговорност кон потрошувачите,“ изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги.

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги известува дека е во разговори со компаниите да се изнајде најдобар модел за плаќање на сметките за режиски трошоци за март, април и мај се со цел да не им бидат на товар на потрошувачите. По постигнување на договор за конечниот модел ќе биде информирана јавноста.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вкупно девет починати: Двајца мажи жртви на корона вирусот, едниот на 45 години другиот на 78

Вкупната бројка на заразени од корона вирус 329: Нови 44 случаи, 23 од Куманово

СЗО препорачува здравите луѓе да не носат маски: Корона вирусот се пренесува преку капки

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Угостителските објекти за организирани настани, очекуваат да започнат со работа

Редакција

Детална листа: Објавени списоците на корисници на финансиска помош за енергетската криза

Редакција

Почнува исплатата на студентските стипендии и субвенционираниот оброк

Редакција