еМагазин
Image default
Македонија

Прес-конференциите на Владата од денеска само на онлајн стрим, без присуство на сниматели и новинари

Владата соопшти дека со оглед на вонредната состојба во која се наоѓаме поради коронавирус и сите воведени рестрикции, од денеска прес-конференциите ќе се реализираат исклучиво преку онлајн стрим, без присуство на новинари и сниматели во медија центарот на Владата.

Како што соопштија од владината прес-служба, целта на овие мерки е сите заеднички да се заштитиме и да обезбедиме услови за работа согласно актуелната ситуација.

Прашањата за прес-конференциите во текот на денот може да се испратат  на [email protected] и на мејл адресата на портпаролот/лицето за односи со јавност на ресорното министерство, со нагласување на медиумот од кој доаѓа прашањето и назнака за која прес-конференција односно за кој министер/министерка (претставник на институција) се однесуваат.

Прашањата треба да пристигнат најдоцна 15 минути пред почетокот на закажаната прес-конференција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Многу е просто, колку ќе трае кризата со корона вирусот зависи од НАС

Детална листа: Најнови мерки на Владата против корона вирусот

(Фото) Кои се хероите кои деноноќно работат и изработуваат тестови за корона вирусот

(Видео) Како безбедно да го исчистите смартфонот од евентуално присуство на корона вирусот?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Американците го пратиле Османи да го посети Пендиков во Софија, тврди поранешниот заменик-министер Димитровски

Редакција

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата на Алијанса за Албанците и Алтернатива ја официјализираа соработката за локалните избори

Редакција

Убава вест: 2.057 оздравени од Ковид-19

Редакција