еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Преспанскиот договор чудо за Пендаровски, штетен за Силјановска

Ќе биде ли промената на името еден од главните адути во кампањата за претседателските избори е прашање на кое е извесен потврден одговор ако се земат предвид различните ставови што ги имаат кандидатот на владејчката коалиција Стево Пендаровски и на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова.

Силјановска на вчерашната конференција на Унијата на жени на партијата, изјави дека Договорот од Преспа е штетен за државата и дека македонскот идентитет не треба да се загрозува, бидејќи ние сме македонски народ и тоа е факт, кој не може никој да го спори.

Таа се повика на историјата, науката и правото во одбрана на уставното име, кое според неа Владата не требала да го менува за внатрешна употреба.

„Можеш да го смениш партнерот или облеката, ама татковината никогаш.

Ние правниците викаме името е најсилниот знак, и така е. Кога ќе речам македонска држава, македонска нација, ако смеам нели, не мислам само за етничките Македонци, туку и на другите етнички заедници.

Ние не можеме да кажеме на некого како ќе се вика оти правото за самоопределување е задолжителна правна норма за сите, па тогаш тоа треба да важи и за Република Македонија. Внатре да си го смените името е непознат феномен, еве кажете ми колкумина познавате што самите си го смениле името“, изјави Силјановска.

Од друга страна, Пендаровски на вчерашниот конгрес на СДСМ изјави дека актуелната власт направила чудо со две работи – уривање на режимот и Договорот со Грција, додавајќи дека само тие две работи се доволни за да бидат запаметени во историјата.

„Оваа власт направи чудо со тоа што го сруши режимот на избори и го постигна Договорот со Грција на достоинствена основа, со целосно заштита на нашиот идентитет.

Овие луѓе и ништо друго да не направат во иднина, а ќе направат, ова е доволно историјата да ги запамети.

Ќе покажеме дека во една мултиетничка држава на Балканот е возможно, луѓе од различни етникуми да се обединат за исти цели, членство во евроатланските интеграции, законите кои ги унапредуваат правата на граѓаните и политички претставници кои ги надминуваат вековните етнички линии на поделба“, рече Пендаровски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Да ставиме и македонско знаме? Ма не мора само Вие гласајте„ : Твитер се „вжешти“ за посетата на Пендаровски на Мала Речица

Има само југо: Каков имот пријавил Пендаровски, заедничкиот кандидат за претседател на СДСМ и ДУИ

Ќе ја добиеме ли првата жена претседател: Која е Гордана Силјановска – Давкова

Фото: Влада/Фејсбук/Силјановска/Пендаровски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Се тестираат уште три лица од Дебар кои претходно биле во контакт со заболените

Редакција

Триесет и двегодишен спортист од Кавадарци позитивен на коронавирусот

Редакција

Кои се двајцата директори на М-НАВ, поради кои претседателот на синдикатот на контролори на летање беше викнат на сослушување во полиција

Редакција