еМагазин
Image default
Македонија

Пресудата за „27 април“ судијката Кацарска ќе ја соопшти на 15. март

Судијката Добрила Кацарска на 15 март ќе ја објави пресудата за обвинетите во предметот на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), познат како „27 април“.

На денешното рочиште обвинетите имаа можност да и реплицираат на обвинителката во предметот Вилма Русковска за нејзините ставови изнесени вчера на крајот од завршните зборови, кога беа побарани високи казни за 17-те преостанати обвинети во овој процес.

Судскиот процес за настаните во собранието од 27 април 2017 година почна во август минатата година и е еден од најголемите во поновата македонска историја.

На почетокот процесот почна против 33 обвинети, кои беа извршители на упадот во парламентот и на нападите врз пратениците на актуелната власт. Но, по донесувањето на Законот за амнестија помилувани беа 15 лица.

На обвинителна клупа останаа Митко Чавков, Душко Лазаров, Горан Ѓошевски-Леви, Митко Пешов, Оливер Поповски, Мунир Пепиќ, Абдуљфета Алими, Оливер Радулов, Игор Дурловски, Јане Ченто, Игор Југ, Александар Василевски-Нинџа, Никола Митревски-Кољо, Младен Додевски, Горанче Ангеловски, Влатко Трајковски и Вилијам Михајловски, кои се товарат дека сториле кривично дело терористичко загрозување на уставниот поредок. Тие ги дадоа завршните зборови пред Судот, по што се очекува Судечкиот совет да ја соопшти пресудата.

Од пред два дена на извршителите во овој процес јавното обвинителство им придодаде и петмина организатори на настаните од 27 април:  Н.Г. , Т.В., М.Ј., С.Р. и Н.Б, кои се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Игор Југ: Не е точна изјавата на Рускоска дека сакав да го убијам Заев

Чавков: Нема правник, нуту граѓанин, кој нема сомнеж за амнестијата

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кој друг освен Русковска се пријавил за нов шеф на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција

Редакција

Убава вест: Оздравени 396 болни од Ковид-19

Редакција

Откако го казни МВР, Османи се нуди да биде дел од кампања за почитување на сообраќајните правила

Редакција