еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Пресврт на судењето за „Таргет-Тврдина“: „Бомбите“ завршуваа во СДСМ и кај Заев, а не кај мене, вели Верушевски

Поранешниот разузнавач Зоран Верушевски, кој денеска како сведок беше повикан за случајот „Таргет-Тврдина“ изјави дека првите информации за прислушуваните разговори ги добил кон крајот на 2010 година кога работел како одговорен за безбедносната политика во Социјалдемократскиот сојуз.

На денешното сведочење, Верушевски рече дека сите информации и сознанија во врска со незаконското прислушување завршувале во политичката партија и оти увид во целата документација има лидерот на партијата.

– Документацијата е цело време во партијата и со неа управува лидерот на партијата, рече Верушевски, додавајќи дека било која информација не ја искористил за лични интереси, ниту тоа му паднало некогаш тоа на памет.

Потврди дека се познавал со разузнавачите Ѓорѓи Лазаревски и Ѕвонко Костовски. Лазаревски, како што посочи, бил еден од оние кои доставувале документација во партијата. Лазаревски, според сведочењето на Верушевски, доставувал документација уште пред тој да дојде да работи како одговорен за безбедносната политика во СДСМ.

– Јас кога дојдов во партијата на крајот на 2010 година продолжив да комуницирам со Лазаревски како одговорен за безбедносната политика на СДСМ, рече Верушевски.

За документацијата рече дека доживеала страотни модификации по неговото лишување од слобода во 2015 година.

– Факт е дека таа документација дожева стравотна модификација и компромитирање и сето тоа се случува по моето лишување од слобода, истакна Верушевски.

На почетокот на неговото сведочење, Верушевски неколкупати повтори дека останува на неговиот исказ што го дал пред обвинителот за организран криминал во случајот „Пуч“.

Верушевски денеска одговараше на прашања од јавниот обвинител Артан Ајро кој беше овластен со решение од јавниот обвинител Љубомир Јовески. За овој случај овластени се и обвинителите Лечне Ристески и Трајче Пеливанов.

Следното рочиште продолжува на 10 октомври со вкрстено испрашување од страна на одбраната.

Во предметот „Таргет-Тврдина“ обвинети се поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, Тони Јакимовски, кој денеска беше донесен од затворот во Куманово и разузнавачите Горан Грујовски и Никола Бошковски кои се во екстрадиција во Грција.

Според обвинителиот акт, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Одбиено барањето за запирање на „Таргет – Тврдина“, судењето продолжи со сведочење на Верушевски

Верушевски дојде да сведочи, одбраната бара запирање на постапката за „Таргет – Тврдина“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заев сака да најде решение со Бугарија, но не е јасно во што е проблемот

Редакција

Работник го убил својот работодавец во Тетовско

Редакција

МНР со осуда за кфалификациите за македонскиот народ во Декларицијата на Советот на Благоевград

Редакција