еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Претходно гласен, денес молчи: Богоев да одговори што презема како градоначалник за да го намали загадувањето во Општина Карпош

Едно од главните ветувања на градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев во неговата изборна програма е обезбедување на чиста и здрава вода за пиење и чист воздух.

Одлично звучи на хартија, бидејќи во реалноста не е така. Чист воздух немаме.

Во изборната програма Богоев ќе каже дека: „живееме во општина каде што урбаната мафија царува, се задушувамево смог и чад“, а дека главен проблем е нивото на загаденоста на воздухот.

Ние ќе кажеме дека се уште се задушуваме во смог и чад, а за урбаната мафија, он си знае.

Во програмата ветува системски пристап кон решавањето на овој проблем, опфаќајќи го решавањето и на проблемот со паркирањето, за чија што цел се ветуваат еко-паркинзи, со кој ќе се реши проблемот со паркирањетоа притоа, како што се вели „пристапуваме кон решавање на проблемот со загадувањето и со раззеленувањето на општината“.

Раззеленување на празниот и запоставен простор исто така е една од мерките во борбата против загадениот воздух.

„Предвидуваме воведување „зелен урбан кодекс“ како дополнителен критериум при изработката и донесувањетона сите ДУП-ови на територијата на општина Карпош, особено за централните урбани делови на општината, кој обврзува на ревитализација на постојното зеленило, но во исто време, и оформување дополнителни зелени површини како хумана противтежа на новопроектираните
објекти.

Како поддршка на зголемувањето на вкупното зеленило во општината, ќе се обезбеди соодветна стимулација за изградба на зелени површини на поголемите рамни покриви и на терасите
на зградите.

Пописот на зеленилото, исто така, ќе овозможи системски да пристапиме кон планирањето на зелените површини“, се вели во програмата.

Многу зеленило во ветувањата, малку во реалноста!

Иако овие мерки се однесуваат за период до 2021 година, граѓаните воздухот го дишат секој ден и оттука јавно прашуваме, што од овие ветувања почна да се реализира. И, покрај ова, што прави Општината за да го реши овој приоритен проблем.

За разлика од претходно кога секоја втора прес-конференција што ја држеше се однесуваше на загаденоста на општината, откако е градоначалник Богоев молчи.

Целата програма може да ја прочитате ОВДЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Скопјани и Тетовчани мазохисти, уживаат да се гушат во загадениот воздух

Молиме Бога да не се стемни и да дувне ветер: Воздухот во Карпош и вечерва смрди и пече

Владата тврди дека годинава бројот на загадени денови е помал од претходните години

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) еМагазин на Порос: Шармантниот остров во близина на Атина, настанат од два острови

Петре Димитров

Утре локална нестабилност со пороен дожд и грмежи

Редакција

ВМРО-ДПМНЕ бара од претседателот Пендаровски да не го потпишува Законот за ЈО

Редакција