еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Претпријатијата во државна сопственост не се транспаретни и отчетни: ЈП за државни патишта најтранспаретно, на дното ГТЦ

Центарот за граѓански комуникации го објави истражувањето „Транспарентност и отчетност на претпријатијата во државна сопственост“, кое покажува дека просечното ниво на транспарентност и отчетност на претпријатијата во државна сопственост, односно исполнувањето на законските обврски и добрите стандарди, изнесува само 28% од можни 100%.

Ниту едно од 30-те најголеми претпријатија во државна сопственост, чии вкупни годишни приходи надминуваат 700 милиони евра, нема високо или солидно ниво на транспарентност (исполнување на обврските над 60%).

Исполнети се услови за разрешување на 18 директори на јавни претпријатија, од кои 6 основани од Владата, а 12 од локалните власти, поради необјавување извештаи од работењето.

Претпријатијата основани од Владата имаат просечно ниво на транспарентност од 31%, а претпријатијата основани од општините 27%, покажува истражувањето.

На врвот на ранг-листата со највисоко ниво на исполнување на обврските, и тоа од само 52%, е ЈП за државни патишта, а на дното со 0% се наоѓа АД  Градски трговски центар.

Речиси половина од претпријатијата ги немаат објавено ниту имињата на членовите на управните и на надзорните одбори. Ниту едно претпријатие основано од Владата или од општините не објавува информации за седниците на управните одбори.

Обврската за задолжително објавување на плановите за јавни набавки со сите измени и дополнувања не ја почитуваат дури 67% од претпријатијата.

Истражувањето е достапно на opendata.mk.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Стопанска банка Скопје ја зголеми добивката за 37,7%

Никола Осило

„Пуцко петрол“ го доби мултимилионскиот тендер на „М.Ж. Транспорт“ за набавка на дизел гориво

Никола Осило

Објавен трет повик за субвенции на нискобуџетни авиокомпании

Редакција