еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК ТОП СТОРИИ

Претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен: „Им ја должиме вистината на граѓаните, кризата ќе биде долга и тешка“

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, потврди дека на маса е привремено затворање на Шенген зоната, јави дописничката на МИА од Брисел.

По видеоконференцијата со лидерите од Г7 групата, Фон дер Лајен ја потврди информацијата на медиуми денеска дека поради коронавирусот се подготвува затворање на Шенген зоната.

– Ги информиравме нашите партнери од Г7 дека сакаме да воведеме привремени рестрикции за патувања кои не се неопходни за да не се шири вирусот, треба исто така да избегнуваме патувања кои не се неопходни за да не се зголеми притисокот врз нашите здравствени системи, ќе има исклучоци за доктори, медицински сестри, научници кои работат на коронавирусот како и лица кои работат преку границата, изјави Урсула фон дер Лајен.

На прес-конференцијата Фон дер Лајен и Мишел порачаа дека иако треба да се гарантира интегритетот на внатрешниот пазар на ЕУ и слободното движење на добра, главен приоритет за ЕУ е здравјето на граѓаните и ограничување на заразата.

– Им ја должиме вистината на граѓаните, оваа криза е сериозна, таа ќе биде долга и тешка, треба да бидеме обединети и солидарни, треба да и да ги повикаме граѓаните на самодисциплина, секој треба да ги почитува препораките на властите, сите треба да бидеме одговорни чинители, изјави Мишел.

МИА/BBC via Getty images

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонската берза се „штити“ од корона вирусот: Од утре се менуваат ценовните ограничувања при тргувањето

Мерка за превенција од корона вирусот: Во супермаркет во Грција ќе се влегува со бројче

Поради корона вирусот германската Амбасада времено ги затвора конзуларното и визното одделение

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Која е судијката Елена Илиевска-Јосифовиќ која донесе условна казна за обвинетиот за сообраќајката пред „Млечен“

Редакција

Еуровиа, која лани била најголем донатор на ДУИ го добила милионскиот тендер на МНР оти имала најниска понуда

Редакција

За првпат во Македонија направена операција на мозок со свесен пациент

Редакција