еМагазин
Image default
Македонија

Претседателот на Европскиот парламент, Сасоли од Скопје: Северна Македонија треба и мора да ги почне преговорите со ЕУ

Северна Македонија треба и мора да ги започне преговорите за членство во Европската унија. Одлуката тоа да не се случи, може да биде променета за неколку месеци. Тој период државата треба да го искористи за да започне и со други реформи и да не дозволи реформскиот процес да запре, порача претседателот на Европскиот парламент, Давид Сасоли кој е во официјална посета на земјава.

-Таа одлука не е пропаст или пораз, туку некаков вид застој. Ние сме посилни затоа што на наша страна се сите европски институции, кои се убедени дека Северна Македонија мора и треба да го започне процесот на преговори за членство во Европската унија, затоа што со неа владеат сите карактеристики и сите услови за тоа да се случи, рече Сасоли на заедничката прес-конференција по средбата со премиерот Зоран Заев.

Тој вели дека одредени земји почнуваат да ги преиспитуваат своите ставов и позиции по однос на ова прашање, што, како што рече, е доста позитивно.

-Ние имавме доверба и верба во почетокот на претпристапните преговори во рамки и на последниот совет, но, очекуваме за неколку месеци да се смени одлуката. Тоа ќе им овозможи на институциите да започнат со други реформи, да не запира процесот. Ние на нашиот хоризонт имаме заеднична иднина. Ние имаме заеднички хоризонт, рече Сасоли.

За тоа колку е голема поддршката на Сасоли и на Европскиот парламент за нашата земја, како што рече Заев, говори фактот дека Северна Македонија е првата земја што ја посетува новоизбраниот претседател на европскиот дом на демократијата.

-Оваа посета е одлична прилика да ја изразиме нашата благодарност до Европскиот парламент, до сите европратеници кои гласаа за Резолуцијата со која ги повикаа членките на ЕУ да започнат преговори со Северна Македонија и со Албанија, откако таквата одлука не беше донесена на октомвриската сесија на Европскиот освет и на самитот на лидерите на земјите членки на ЕУ, рече Заев.

Посочи дека не е лесно да се продолжи без структуирани и систематски притисоци што ќе ги донесеа претпристапните преговори, но, како што додаде Заев, ние велиме дека нема алтернатива.

-Мора да продолжиме дури и посилно со реформите со докази дека во земјата владее правото, дека имаме силни аргументи за напредокот во економијата. Тие реформи ни се најпотребни заради нас дома, рече премиерот.

Соочени сме, како што посочи тој, со нови предизвици и ќе докажеме дека сите постигнати резултати досега се одржливи и неповратни.

-Ќе докажеме дека нема отстапување од нашите стратешки насоки кон Европската Унија и НАТО. Ќе се соочиме со очекуваната критика и притисок на анти ЕУ и ретроградни сили и ќе ги совладаме. Имаме доволоно внатрешна сила за понатамошни реформи, за борба против корупцијата и за владеење на правото. Тоа ќе бидат нашите резултати и аргументи дека нашето место е во ЕУ. Ние веруваме во вредностите на ЕУ и убедени сме дека новата шанса за нашата земја ќе биде отворена наскоро, рече премиерот Заев.

МИА/фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Со тапани и оро започна Маршот на гордоста

Редакција

Генералниот секретар на СДСМ, Кирацовски побарал од дедо му да си даде отказ

Редакција

Влада: Бугарија го потврди ветото, историската сега е огромна геостратешка грешка

Редакција