еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Претседателот Пендаровски прогласи вонредна состојба, ќе трае 30 дена

Претседателот Стево Пендаровски вечерва прогласи вонредна состојба во државата. Ваквата одлука е донесена, како што рече во обраќањето до граѓаните, за поефикасно справување со корона вирусот.

Вонредната состојба ќе трае 30 дена. Во тој период Владата до Пендаровски ќе треба да поднесе извештај од донесените мерки за заштита против корона вирусот, дневно да информираат за преземените активности и ажурираните планови за постапување во иднина.

Владата ќе продолжи да функционира како техничка.

– Предмалку ја потпишав одлуката за прогласување вонредна состојба на територијата на целата држава. Фактот што првпат од нашата независност поднесуваме вонредна состојба укажува колку е сложена состојбата во земјата. Изборите ќе мора да бидат одложени, а ќе се закажат дури кога за тоа ќе се создаде прилика, истакна Пендаровски во вонредното обраќање.

На граѓаните уште еднаш им порача да останат дома и да не патуваат надвор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Што ќе значи вонредната состојба ќе зависи од однесувањето на граѓаните

Вкупно 35 заболени од корона вирусот: Уште четворица нови пациенти од Скопје

Како да се заштитите од корона вирусот: АПЕЛ за целосно почитување на превентивните мерки

Фото: Кабинет на претседателот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Чаир 54, во Сарај 39, во Гази Баба 34: Во кои скопски општини има најмногу активни случаи на Ковид-19

Редакција

По Словачка и Унгарија и Бугарија и Чешка бараат изземање од ембаргото за руската нафта

Редакција

Отворен пункт за масовна имунизација и во Прилеп

Редакција