еМагазин
Image default
Балкан

Претседателот Радев закажа средба на државниот врв на Бугарија за односите со Македонија

Претседателот на Бугарија Румен Радев за утре закажал консултативна средба на државниот врв за билатералните односи со Северна Македонија и поканата што ја очекува од Европската унија за почеток на преговори за членство, објави news.bg.

Средбата, како што пренесува news.bg, ќе се одржи во 09:30 часот, а темата е „Преглед на билатералните односи меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија во контекст на резултатите од работата на Мешовитата експертска комисија за историски и образовни прашања и очекуваната покана до Република Северна Македонија за пристапување во Европската унија“.

Поканети се да присуствуваат премиерот Бојко Борисов, претседателката на Парламентот Цвета Карајанчева, вицепремиерката за правосудни реформи и министер за надворешни работи Екатерина Захариева, координаторите на парламентарните групи, претседателите на собраниските комисии за надворешна политика и за европски прашања и контрола на европските фондови, на изборната комисија, како и претставникот на Мешовитата експертска комисија за историски и образовни работи.

Бугарскиот вицепремиер и лидер на ВМРО-БНД Красимир Каракачанов, коментирајќи го неодамнешното интервју на претседателот Стево Пендаровски вчера изјави дека „доколку  Комисијата за историски и образовни прашања нема рок, тогаш ќе нема рок и патот на Северна Македонија кон Европската унија“.

„Неприфатливо е некој да мисли дека тие едноставно ќе ја искористат Бугарија само за влез во Европската унија“, рече Каракачанов.

МИА/Фото:Фејсбук/Радев

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каракачанов контра Пендаровски: Бугарија да не гласа за почеток на преговори со ЕУ додека не се расчистат историските фалсификати

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Медитеранската бура „Јанос“ направи пустош низ Грција: Двајца загинати, 619 спасени, уништени домови, поплавени улици

Редакција

Поради тензиите на Косово, Србија ја подигна на највисок степен борбената готовност на војската и полицијата

Редакција

Бугарскиот претседател Радев: Не може да се прават компромиси со историјата и јазикот

Редакција