еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Претседателски избори: За исполнет цензус треба да излезат 723.253 гласачи

Денеска се одржува вториот круг од претседателските избори. Право на глас имаат 1.808.131 избирач, кои можат да изберат меѓу двајцата кандидати Гордана Силјановска-Давкова и Стево Пендаровски.

Вториот круг на гласање се одржува во рок од 14 дена од завршувањето на првиот круг на гласањето.

За претседател ќе биде избран кандидатот кој ќе добие мнозинство од гласовите, доколку на гласачките места излезат повеќе од 40 отсто од запишаните избирачи, односно 723.253 гласачи, што е предвидено со член 121, став 3 од Изборниот законик.

Доколку и во вториот круг ниту еден од двајцата кандидати не добие потребен број гласови, се повторува целата изборна постапка.

МИА/Фото: ДИК

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Детален преглед: Со колку гласови победија Глигоров, Трајковски, Црвенковски и Иванов?

Ден на избори: Ќе го изберат ли граѓаните петтиот претседател?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Воениот комитет на НАТО во посета на Македонија: Евроатлантската иднина има големо геополитичко значење

Редакција

Македонското МНР ги осуди иредентистичките изјави на бугарскиот пратеник Костадинов

Редакција

Нови 193 случаи на заразени со корона вирусот, во Скопје дури 140

Редакција