Министерството за здравство во препораките за корона вирусот, препорачува да останете дома, освен во случај на итност. Доколку имате можност, работете од дома.
Еве што треба да направите:
📍 Одделете се од останатите во различни простории. Редовно проветрувајте ги просториите.
📍 Доколку имате на располагање, користете посебен тоалет/бања. Во спротивно редовно дезинфицирајте го оној кој сите го користат.
📍 Избегнувајте заедничко користење предмети за домаќинство како крпи за раце, постелнина, чаши, прибор за јадење.
📍 Доколку нарачувате храна/продукти преку достава, друг член на домаќинството да ги превзема, избегнете контакт со доставувачот.
📍 Бидете на безбедно растојание со другите помеѓу 1 и 2 метри.
📍 Чистете ги површините во домот кои што најчесто ги користите.
📍 Следете ги препораките за превенција од здравствените установи.
📍 Доколку чувствувате исти или слични симптоми на грип, не посетувајте доктор, туку јавете се во центрите за јавно здравје:
ЦЈЗ Битола – 071/261-330
ЦЈЗ Велес – 071/219-278
ПЕ Гевгелија – 078/545-444
ЦЈЗ Кочани – 071/373-913
ЦЈЗ Куманово – 070/215-851
ЦЈЗ Охрид – 070/723-029
ЦЈЗ Прилеп – 076/475-747
ЦЈЗ Скопје – 071/289-614
ЦЈЗ Струмица 072/235-543
ЦЈЗ Тетово 075/240-464
ПЕ Гостивар 076/365-161
ЦЈЗ Штип 078/365-613
ИЈЗ Скопје 078/387-194
ЗД Ало докторе 02/15-123
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Поради корона вирусот цената на медицинските маски од 8 „рипнаа“ на 40 денари
Како да се заштитите од корона вирусот: АПЕЛ за целосно почитување на превентивните мерки
(ВИДЕО) Како се пренесува корона вирусот и како да се заштитите?