еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Презентирано истражувањето „Европски навики за плаќање во 2019 година“

На 19 февруари се одржа настан организиран од EOS Матрих  на кој темата беше презентација на истражувањето „Европски навики за плаќање“, кое EOS го спроведува веќе 12 години по ред.

Целта на настанот беше  да се подигне свеста дека неплаќањето на обврски не е проблем само во Македонија, туку е проблем и во Европа и насекаде во светот, колку сме ние далеку или блиску до европските платежни навики, со цел да се идентификуваат мерки и постапки како да се минимизира таа разлика.

„Кога зборуваме за обврски, зборуваме за одговорност“. EOS Матрих како компанија се стреми кон подигање на свеста за таа одговорност. Во контекст на она што го говореа нашите панелисти, во една можам слободно да кажам одлична дискусија, јасно е дека сите ние во напорите да наплатиме мораме да се трудиме да бидеме и социјално одговорни, да ги заштитуваме интересите на нашите клиенти, а од друга страна да сме во линија со регулативата, да ги следиме трендовите на дигитализација и со создавање на една дигитална стратегија суштински да го редефинираме начинот на кој го водиме својот бизнис, што подразбира целосна дигитална трансформација на применетите бизнис модели и приспособување на стратегиите на бизнисот кон новите услови,“ изјави Катерина Бошевска, директорката на EOS Матрих.

Панелистите развија интересна и корисна дискусија за тоа како во напорите за наплаќање пред се треба да се трудиме да бидеме социјално одговорни, да ги заштитуваме интересите на нашите клиенти и како една од најважните работи е да се биде лојален со регулативата.

EOS се труди да ја пронајде најдобрата следна акција за нивните корисници во управувањето со побарувањата и во исто време интелигентната употреба, односно евалуација на податоците е од суштинско значење за нивната проценка на ризикот како финансиски инвеститор.

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Освојте пежо 2008 во големата новогодишна наградна игра на Веро

Редакција

БРАВО: „ИГМ Трејд“ од Кавадарци со 833.876 евра дава поддршка во борбата против корона вирусот

Редакција

Со отворени денови во скопските стручни средни училишта, заврши караванот на кампањата „Учи паметно, работи стручно“

Редакција