еМагазин
Image default
Македонија

Жена од Тетово се претставувала како вработена во Владата и нудела услуги за вработување за пари

Жена од Тетово е пријавена во полиција од неколку лица, кои тврдат дека им се претставувала како вработена во Владата и им ветувала дека ќе ги вработи, при што парично ги оштетила.

Лицата Љ.Ф.(39), К.Ф.(28) и С.Ф.(20) сите од село Слатина вчера пријавиле измама извршена од страна на лице по име А.А. од Тетово.

Тие, како што соопшти МВР, во текот на ноември минатата година се запознала со А.А. која им кажала дека работи во владина институција во Скопје и дека има доста пријатели во политички партии и дека може да им помогне да се вработат. Од оштетените побарала да и донесат документи за завршено образование, а и во два наврати им земала и парични средства од околу 2.800 евра.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Фатиме Фeтаи, Лидија Раичевиќ и Љупчо Коцевски се пријавиле за местото на Јовевски

Редакција

Почнува скрининг-тестирање за Ковид-19 за процена на имунитетот на населението

Редакција

96 граѓани кои примиле две дози вакцини позитивни на Ковид-19, нема починати, 13 биле хоспитализирани

Редакција