еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

При денешните претреси на СЈО, уапсени пет лица

Во текот на денешниот ден од страна на Специјалното јавно обвинителство, во соработка со МВР, беа извршени 12 претреси и лишени од слобода беа пет осомничени лица, кои во текот на денот ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка и за кои ќе бидат побарани мерки за обезбедување присуство, соопштуваат од СЈО.

„Во скоро време се очекува и проширување на истрагата кон нови лица и за нови кривични дела, а во насока на обезбедување на имотно – правните барања од оштетените лица и обезбедување на предметите кои потекнуваат од кривичните дела ќе бидат побарани и мерки за привремено обезбедување на имот“, се вели во соопштението.

СЈО денеска отвори истрага под кодно име „Империја“ против Јордан Камчев, Сашо Мијалков, Ненад Јосифовиќ, Цветан Панделески, Ратка Куноска Камчева, Христина Камчева Стојческа, Зорица Арсовска, Лилјана Гајдовска, Владислав Стајковиќ, Тодор Мирчевски, Дејан Јанев, Ванче Мијалчев и Јованче Тасковски, поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела злосторничко здружување, оштетување или повластување на доверители, злоупотреба на службената положба и овластување, измама и перење пари и други приноси од казниво дело.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Камчев: Моите компании работат законски, отворени сме за соработка со СЈО

„Империја“ е нова истрага на СЈО: Вклучени и сестрата на Камчев, Мијалков и сопственикот на „Пелистерка“ Панделески

СЈО ги „тресе“ фирмите на Камчев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од Ковид-19 починале 32 лица

Редакција

Г.г. Стефан: Со чудни реформи во образованието се менува нашиот културен, историски и духовен идентитет

Редакција

Заев се закани со тужба за австрискиот амбасадор и амбасадата

Редакција