еМагазин
Image default
Македонија

При крај е скринингот за имунитет на населението во Дебар и Центар Жупа

При крај е скринингот за имунитетот на населението, што почна пред една недела во Дебар и Центар Жупа, двете општини кои беа првото жариште на коронавирусот во државава.

Според раководителот на работната единица на Центарот за јавно здравје во Дебар, Ментор Меља, без проблеми се одвива оваа значајна активност и истата се очекува да заврши денеска или најдоцна до утре.

– Непречено во двете општини се одвива скринингот на наслението и до денес до 13:00 часот направени се над 2.100 тестови. Вкупно во двете општини треба да бидат направени 2.342 теста. Може да се каже дека веќе сме на крај на реализацијата на скринингот, изјави за МИА епидемиологот Меља.

Тестирањето го вршат 14 матични лекари, меѓу нив и педијатри и гиниколози, а опфатени се 30 отсто од населението. Врз основа на препораката од Министертвото за здравство, се тестираат деца на 14 годишна возраст, лица од 25 до 64 години како и лица над 65 години.

Од Работната единица исто така информираат дека од почетокот на пандемијата до сега направени се 270 тестови на сомнителни случаи, од кои позитивни биле 51. Оздравени се 46, починати четворица, додека за уште еден заболен се очекуваат резултати од вториот тест.

МИА/Фото: Општина Дебар

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Прилеп 150 заболени и 49 излекувани од коронавирусот

Жена од Гостивар која боледувала од карцином, почина од коронавирусот

Првиот заболен од коронавирусот во Делчево се заразил на скопските клиники, вели градоначалникот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пет нови случаи на Ковид-19 од 2.466 тестирања, бројката на активни изнесува 251

Редакција

Политиката на проширување на ЕУ е безбедносно прашање: Османи се сретна со Нуланд

Редакција

Мицкоски: Пратениците ме разочараа мене, партијата и татковината и затоа ќе бидат исклучени од ВМРО-ДПМНЕ

Редакција