еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

За новонастанатата ситуација со операторите, телевизиите вината ја гледат во АВМУ 

Македонската медиумска асоцијација на приватни национални телевизии (ММА) денес побара од надлежните институции да ја спречат заканата од телеком операторите за прекинување на реемитувањето на домашните телевизиски канали.

Тие побараа оставка од Зоран Трајчевски, директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ), поради изнесените тврдења дека законските измени усвоени од Собранието биле донесени на крајно нетранспарентен начин.

Атанас Кировски, директор и главен и одговорен уредник на телевизија „Телма“ и претседател на ММА на денешната прес – конференција во Сојузот на стопански комори кажа дека е „чиста лага и манипулација“, соопштението на АВМУ до јавноста, во кое се вели дека законот бил донесен на нетранспарентен начин.

„Она што е направено на седницата на Парламентот, е дека беше избришан член од Законот. Година дена имаа чинителите да се подготват за да го имплементираат ова законско решение. Законот е донесен во крајно транспарентна атмосфера. Беа вклучени во дебатата. Паушални се изјавите од директорот Зоран Трајчевски, тие се чиста лага и манипулација“, оцени Кировски.

Кировски посочи дека се крајно изненадени од одлуката на телеком операторите за исклучување на нивните канали од реемитување. Тој го впери прстот кон ААВМУ и Трајчевски истакнувајќи дека тие „се дел од овој проблем што се напластува во изминатиов период“ односно „неговото непостапување е директна причина за ваква ситуација“

„Навистина е чудно зошто нас би не исклучиле, особено што имаме валидни договори со нив„, посочи Кировски.

Покрај склучените договори за реемитување со телеком-операторите, тој дополни дека петте национални телевизии гарантираат дека ги почитуваат авторските права за емитување на телевизиската програма на нивните канали.

„Конечно со самиот закон се регулираат авторските права. Десетици канали се пиратираат без авторски права, кои создаваат нелојална конкуренција. Не може да не се почитува законот за интелектуална сопственост и авторски права. Како што важат за телеком операторите, авторските права важат и за телевизиите. Оттука, не гледам зошто толкава е загриженоста“, додаде Кровски.

На прашањето на кој начин со новиот Закон ќе се регулираат авторските права на што се повикуваат, тој рече дека не може да гарантира за судскиот систем.

Националните телевизии сметаат дека заканата за исклучување на телевизиските канали од страна на телеком операторите доаѓа во исклучително сензитивен период за нашата земјава, во екот на предизборието, појавата на корона вирусот и други значајни теми за нашата земја.

Владата денеска свика средба со претставници на телекомуникациските оператори.

Реакцијата на ММА доаѓа по вчерашната најава на Здружението на информациско-комуникациски технологии (ИКТ) за прекин на реемитувањето, каде што членуваат сите оператори. Операторите ќе го пренесуваат само јавниот сервис – МТВ1, МТВ2 и Собранискиот канал.

Ваквата одлука на Здружението на ИКТ се должи на новите измени на Законот за аудио и аудиовизуелни и медиумски услуги (ЗААВМУ), што Собранието го донесе на РСМ, на 16.02.2020, на денот на распуштањето, по скратена и нетранспарентна постапка и без претходна јавна расправа.

За оваа принудна одлука, да се прекине реемитувањето на домашните и странските телевизиските канали, Здружението на ИКТ ги информираше Претседателот на РСМ, Претседателот на Собранието, Претседателот на Владата, ресорните министри во Владата, АЕК, АВМУ, димпломатскиот кор, Делегацијата на ЕУ во земјава, Европската комисија, странските и домашните радиодифузери и домашната и меѓународната јавност.

Причината за ваквиот чекор се законските измени со кои на операторите им се наметнува обврска да гарантираат за авторските права на програми кои тие не ги произведуваат, туку само ги реемитуваат и за тоа да сносат материјална и кривична одговорност.

Ваквата обврска дефинирана со Законот е спротивна на ЕУ директивите и на сите основни принципи на радиодифузната дејност и медиумската политика утврдени од страна на ЕУ, за што Здружението има добиено и писмено мислење од страна на Делегацијата на ЕУ во земјава.

Истовремено, ваквата законска обврска за операторите претставува состојба на виша сила и е неприменлива затоа што операторите кои реемитуваат програма не можат да имаат ниту контрола, ниту одговорност за тоа дали се регулирани авторските права за сите поединечни програми што ги создаваат и емитуваат телевизиите.

Здружението на ИКТ поднесе барање до Уставниот суд за донесување на времена мерка со која ќе се одложи неговата примена, заради неуставност.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Владата ги повика операторите: Ќе се бара решение да не дојде до медиумски мрак во земјава

АВМУ: Законот за медиуми е спротивен на ЕУ директивите и не гарантира слобода на реемитување на ТВ каналите

Операторите ќе прекинат со реемитување на домашни и странски ТВ канали освен на јавниот сервис

Враќање во 20 век: Антени повторно на терасите за „скромна“ ТВ програма?

Македонија како Северна Кореја: Ни се заканува информативен мрак?

Фото: ССК

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

И актерот Тони Михајловски сведочеше на судењето за „организаторите на 27 април“

Редакција

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 766 пациенти болни и суспектни на Ковид-19

Редакција

Филипче не размислува за оставка

Редакција