еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Прифатен амандман на Беса на Касами за појаснување на државјанството на граѓаните Албанци

Државјанството останува македонско/граѓанин на Република Северна Македонија, а прифатен е амандман на Уставниот закон со кој се потврдува државјанството македонско/граѓанин на Република Северна Македонија и се појаснува како ќе гласи за граѓаните Албанци на албански јазик и ќе се утврди во сите закони каде што е тоа потребно, информира Владата во заедничко соопштение со Беса на Биљал Касами во врска со она што е договорено со партијата Беса на Касами.

Прифатен е и амандманот на уставниот амандман XXXVI со кој се потврдува дека Републиката подеднакво води грижа за дијаспората на сите свои граѓани, појаснува Владата во соопштението во кое потврдува дека се надминати разликите со Беса на Касами околу уставните измени.

Договорено е дополнително во Законот за лична карта да се впише и етничката припадност на граѓаните.

-За сите други работи кои беа предложени како амандмани ќе бидат повлечени затоа што правно формално не е можно да се реализираат сега, а остануваме посветени во идно време да работиме на нивно решавање со цел да ги отстраниме и таквиот вид на проблеми со кои се соочуваат граѓаните, а заради постигнување на заедничките европски вредности, се додава во владиното соопштение.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Влада и осумтемина пратеници од ВМРО-ДПМНЕ: Заеднички постигнавме договор со кој се обезбедуваат најмалку 80 пратеници

СДСМ и Беса на Касами постигнаа договор за уставните измени

Каков имот пријавиле двајцата пратеници од Беса на Касами, Теута Биљали и Фадил Зендели

Кои се двајцата „тврдокорни“ пратеници на Беса на Касами

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мијалков не знае каде е Груевски

Редакција

Каков имот пријавиле Русковска и Муареми

Редакција

Починаа четири нови лица од Ковид-19 од Виница, Охрид и Струга

Редакција