еМагазин
Image default
Локално

Прилепчанец излетал со возило, повредени две дечиња

На 26.03.2019 во 11.24 часот на патот Вашарејца-Бучин, пред село Трновци, битолско, А.А.(28) од Прилеп, управувајќи патничко возило „Застава-128“ со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и излетал од патот, информира МВР.

Притоа, со повреди се здобиле две деца на возраст од две и три години. Тие биле пренесени во Клиничката болница Битола каде им била укажана лекарска помош. Увид на местото извршила екипа од СВР Битола.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поликлиника Железара доби нов дигитален мамограф и ултразвучен ЕХО апарат

Редакција

Пронајден човечки труп во Велес во поодмината фаза на распаѓање

Редакција

Хаос во дискотека во Скопје: Млада девојка од Стајковци нападнала обезбедување и полицаец

Редакција