еМагазин
Image default
Локално

Прилепчанец со автомобил се забил во дрво: Тешко повредени две деца

На 30.04.2019 година околу 00.40 часот на улица „Кеј 9-ти Септември“ во Прилеп, Н.Б.(35) од Прилеп, управувајќи патничко возило „Сеат ибица“ со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и удрил во дрво, информира МВР.

Притоа, со тешки телесни повреди се здобиле две деца- сопатници на возраст од две и четири години и биле пренесени во Општата болница Прилеп каде им била укажана лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа екипа од Полициската станица Прилеп.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Приведен скопјанец кој со „Голф“ удрил малолетничка и побегнал

Редакција

Рудар од „Саса“ се здобил со лесна телесна повреда

Редакција

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје

Редакција