еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

„Принцот“ го издрибла владиниот протокол: Денот кога Заев стана колега со Памела Андерсон

Не запираат реакциите на социјалните мрежи по средбата во Владата меѓу премиерот Зоран Заев и самопрогласениот „принц на Црна Гора и Македонија“, Стефан Чернетиќ на која Заев доби орден со што на своевиден начин стана колега со познатата глумица и старлета Памела Андерсон која исто така е одликувана од Чернетиќ.

Попусти се обидите на протоколот во Владата да ја оправда средбата и доделувањето на орденот како неформален настан и неизбежно се наметнува прашањето што си мислеле вработените во владиниот протокол, најблиските соработници на Заев, но и самиот премиер кога слушнаа дека македонски и црногорски принц сака прием во Владата.

Се запрашаа ли за момент која е монархијата на Црна Гора и Македонија, чиј наследник е овој принц. Не е прв пат протоколот на премиерот Заев да направи утка во својата работа. Имено, пред само неколку дена канцеларот на Австрија Себастијан Курц беше пречекан со погрешно знаме.

Сега останува да видиме дали Заев ќе направи реконструкција на протоколот во Владата или пак ќе чека трета голема грешка.

Во спротивно, утре прием во Владата лесно може да добие некој тежок меѓународен криминалец или пак претседател на измислена држава, па повторно протоколот да се оправдува дека средбата била од неформален карактер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Дедо Стефан го крштевал синот на лажниот принц Чернетиќ

Дунавка Трифуновска лажниот принц Чернетиќ ја прогласи за „Дама на сребрениот медал на свети Ѓорѓи„

Била од неформален карактер: Од Владата ја потврдија средбата на Заев и лажниот принц Цернетиќ

(Фото) Лажниот принц на Црна Гора и Македонија му даде орден на Заев во Владата

Фото: Фејсбук/Чернетиќ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Уника“ го доби тендерот за колективно осигурување на вработените во Министерството за одбрана и припадниците на АРМ

Редакција

(Фото) Пендаровски прими трета доза вакцина

Редакција

Седуммина обвинети за настаните пред Собранието кои признаа вина, добија условни казни

Редакција