еМагазин
Image default
Македонија

Пристигнале шеесет апликации: Кој ќе ги селектира кандидатите за членови на Антикорупциската комисија?

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска ги избра членовите на Комисијата за селекција на кандидати за претседател и за членови на Државната комисија за спречување на корупција.

Комисијата избра седум членови од кои четворица се од редовите од пратениците, односно по двајца од власта и опозицијата. Избрани се Драги Целевски номиниран од Народниот правобранител, Сабина Факиќ и Бесим Небиу како претставници на здруженијата односно фондации назначени за членови во Советот за соработка помеѓу владата и граѓанскиот сектор.

Од редовите на пратениците членови ќе бидат Мухамед Зекири од СДСМ, Атран Груби од ДУИ, Зоран Илијоски од ВМРО-ДПМНЕ и Владанка Авировиќ од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ.

Членовите на избраната Комисија за селекција ќе вршат обработка на личните податоци, при што се должни да обезбедат тајност и заштита на обработката на личните податоци.

Огласот, што Собранието го објави на 22 јануари трае до денеска, а според претседателот на Комисија за прашања на изборите и именувањата Илија Димовски до сега стигнале околу 60 апликации за членови на атикорупциската комисија.

Роковите за избор на првиот состав на антикорупциската комисија, според новиот закон, се скратени со цел новата комисија да се формира пред да почне кампањата за претседателските избори.

Интервјуата на кандидатите ќе се пренесуваат директно на МТВ, а ќе ги водат претставници од МАНУ, од Интерпарламентарната унија, здруженија на граѓани што се занимаваат со антикорупција.

Како што е наведено во огласот, се избираат претседател на комисијата и шест члена со мандат од пет години, кои нема да имаат право на повторен реизбор. При изборот, според новиот Закон за спречување на корупцијата и судир на интересите, ќе важи принципот на соодветна и правична застапеност и принципот на еднаква родова застапеност.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

АРМ чека „специјализирани служби“ да спроведат истрага за војникот Слаѓан Бојковски, посочен како креатор на лажни вести

Редакција

ДУИ добила донации за изборите од 74.000 евра

Редакција

Џафери е задоволен што го исполнил ветувањето кон пратеничките, им отвори женска соба

Редакција