еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Притвор од 30 дена за Катица Јанева

Судија на претходна постапка и одреди 30 дневен притвор, што беше побарано од Јавното обвинителство поради основано сомнение за злоупотреба на службената положба и овластувања, заради стекнување лична корист.

Околу четири часа траеше распитот на Јанева, која беше придружувана од нејзиниот адвокат Стеван Павлески. Се дискутирално исклучиво за мерката притвор.

Обвинителката Вилма Русковка по излегувањето од Кривичниот суд изјави дека сметале оти во овој момент е неопходно да се одреди мерка притвор за Јанева.

Најголем дел од доказите во текот на шест месеци се прибрале во текот на предистрагата.

Нагласи дека истрагата е се уште отворена и додаде дека постои судир на интереси поради тоа што Павлески е адвокат на Јанева, а тој е и адвокат на Цветан Панделевски осомничен во „Империја“.

Додаде дека на нејзино барање треба да се земе обврската Павлески да ги откаже полномоштвата за другите осомничени во други предмети на СЈО.

Таа додаде дека засега нема други осомничени во „Рекет“, но тоа не значи дека таа не може да се прошири на други лица.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) А1он: Пред да биде приведена, Јанева била со синот

Утрово починала мајката на Јанева, Рускоска вели дека тоа нема да влијае на барањето за притвор

(ВИДЕО) Запленет мебел од куќата на Катица Јанева

Видео од приведувањето на Катица Јанева

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Застрашувачки сцени од Кавказ: Ерменија и Азербеџајн во војна за Нагорно-Карабах

Редакција

„Реални се шансите да ја добијат војната“: Путин е блиску да обезбеди копнен коридор до Крим преку Мариупол, вели британскиот премиер Џонсон

Редакција

Компанијата за аутсорсинг, ЕМАПТА, отвара делововен простор во ТИРЗ Скопје 1, ќе вработи 850 лица за пет години

Редакција