еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Притвор од 30 дена за Миле Јанакиески и Кирил Божиновски

Мерка притвор од 30 дена им е определен на поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески и поранешниот генерален секретар на Владата, Кирил Божиновски, соопшти утринава Основниот суд Скопје 1.

– Кривичниот совет на Одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 Скопје, постапувајќи по предлог на Јавното обвинителствот за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите, за определување мерки за обезбедување присуство против М.Ј. и К.Б. опфатени во предметот со КОК бр. 7/18 од обвинителството означен како „Титаник“, по ценење на фактите и доказите во предлогот донесе решенија со кои го прифати предлогот и на двете лица им определи мерка притвор во траење од 30 дена заради постоење на основите од член 165 ст.1 точка 1. од ЗКП односно „ако постојат други околности што укажуваат на опасност од бегство, се наведува во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Притворени Миле Јанакиески и Кирил Божиновски

Јанакиески за ТВ21: Нема да бегам, најостро го осудувам бегството на Груевски

Jанкулоска за ТВ21: Се наоѓам во Македонија и на крај памет не ми паднало да заминам било каде

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Техномаркет“ го доби тендерот на МВР за набавка на инвертер клима уреди вреден 575.000 евра

Редакција

Обвинителството ќе ги испрашува „другарите“ на Груевски од Будимпешта

Редакција

Сите четворица кои починаа од корона вирусот немале контакт со потврден случај

Редакција