еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Притвор од 30 дена за сопственикот, раководителот и возачот на на „Дурмо Турс“

Судот по барање на Основното јавно обвинителство Скопје им одреди притвор во траење од 30 дена на сопственикот, раководителот и возачот на „Дурмо Турс“ за автобуската несреќа на автопатот Скопје – Тетово кај Ласкарци, во која загинаа 15 лица.

Две лица пак добија домашен притвор, а други две мерки на претпазливост.

“Постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за определување мерка притвор за шест лица и мерки за претпазливост за едно лице, кои беа спроведени во судот, судија на претходна постапка по произнесување на лицата како и ценење на фактите и доказите приложени во предлогот, донесе решенија со кои:

За Д.Б. Р.М. и М.Т го прифати предлогот на Обвинителството и им определи мерка притвор во траење од 30 дена заради постоење на основите од член 165 ст.1 т. 1, 2 и 3 од ЗКП.

За  И.Ѓ. , Г.Д. и Ј.Б. го одби предлогот на Обвинителството за определување мерка притвор со тоа што на И.Ѓ. и Г.Д им определи мерка куќен притвор, заради постоење на основите од член 165 ст.1 т. 1, 2 и 3 од ЗКП, додека на Ј.Б. му определи мерки на претпазливост и тоа Одземање на патна исправа, Забрана за напуштање на живеалиштето односно престојувалиштето, Обврска повремено да се јавува на службено лице во судот и Забрана за вршење на работни активности.

За В.Г. го прифати предлогот на обвинителството за определување мерки за претпазливост.

Против овие решенија, странките имаат право на жалба“, велат од Судот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Испадна дека Дурмо турс сам си правел технички преглед“: Твитер реакции

Приведени седум лица за трагедијата кај Ласкарци: Неисправните сопирачки и брзото возење главни причини за несреќата

Фото: Дурмо турс

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За кои три убиства се сомничи групата на Шеваљ Муареми, по кој е рапишана меѓународна потерница

Редакција

Дениција е најчестото женско, а Давид најчестото машко име во Македонија во 2019 година

Редакција

Бугарските европратеници од ГЕРБ-СДС побараа реакција од европските институции по претепувањето на бугарски граѓани во Скопје

Редакција