еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Притвор за Цветков и Делев, куќен притвор за Спасеновски, за Димовски дополнително ќе се одлучува

Триесетдневен притвор добија поранешниот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Михаил Цветков и заменик министерот Кристијан Делев.

На поранешниот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Ацо Спасеновски заради утврдени здравствени проблеми му е определена мерка куќен притвор.

Одлуката за поранешниот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Димовски, кој е пратеник во Собранието на РМ и се повикува на пратенички имунитет, ќе биде дополнително донесена, соопшти попладнево Кривичниот суд.

– Постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за определување мерка притвор за четири лица, судија на претходна постапка при Одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, по произнесување на лицата по однос на предлогот, а во присуство на нивни бранители и јавен обвинител како и ценење на фактите и доказите приложени во предлогот, донесе решенија со кои го прифати предлогот и на М.Ц. и К.Д им определи мерка притвор во траење од 30 дена додека на А.С. зарди утврдени здравствени проблеми му определи мерка куќен притвор, се наведува во соопштението од Основниот суд Скопје 1.

Оттаму посочуваат дека на Љ.Д. кој е пратеник во Собранието на РМ и се повикува на пратенички имунитет тој ќе биде дополнително повикан да се прозинесе во Судот, откако ќе се создадат услови за тоа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Уапсени поранешни министри. Ако се по барање на СЈО пуштете ги со време„: Твитер се „вжешти„

МВР со детали: За што се товарат поранешните министри за земјоделство?

Приведените министри и заменици за земјоделство го оштетиле Буџетот за 1,4 милиони евра

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) И Фатиме Фетаи ги бодреше македонските фудбалери во Италија

Редакција

Повоената обнова на Украина ќе чини од 500 до 600 милијарди евра, предвидува Светска банка

Редакција

Заев и Ципрас во Атина ја оценуваа успешноста на Договорот од Преспа

Редакција