еМагазин
Image default
Локално

Притвор за уште две лица за убиството во Поум, Струшко

Надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Струга донесе наредба за спроведување истражна постапка за уште две лица поради постоење основано сомневање дека сториле кривично дело Убиство, а еден од осомничените и за кривично дело недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи од Кривичниот законик.

Од Основното јавно обвинителство информираат дека во текот на истрагата во врска со завчерашното убиство во струшкото село Поум, надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струга во координација со Министерството за внатрешни работи дојде до нови сознанија што укажуваат дека осомничениот не го сторил делото сам.

Имено, во извршувањето на убиството учествувале уште две лица кои се во роднинска врска со веќе осомниченото лице.

Осомничените, како што наведуваат, се лишени од слобода и јавниот обвинител, ценејќи дека се исполнети законските основи ќе достави предлог за определување на мерката притвор за двете лица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МВР со детали за убиството во струшко: Го испразнил пиштолот во нив откако тргнале на него со секири

Пукање во струшко Поум: Убиено 23-годишно момче, повредено уште едно лице

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Празничен возен ред на автобусите на ЈСП

Редакција

Воземирувачко видео од местото на сообраќајката кај Три Чешми во која загина 37-годишен маж од Гевгелија

Редакција

Приведен крадец во Карпош, фатен додека се обидувал да изврши тешка кражба

Редакција