еМагазин
Image default
Локално

Притворени двајца дебарчани кои чувале рачни бомби и муниција во штала

Полициската станица Дебар до надлежното Јавно обвинителство, поднесе кривична пријава против А.Р.(36) и Р.Р.(59), двајцата од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распркувачки материи“, информира МВР.

На 21.06.2019 година полициски службеници извршиле претрес во нивна штала во селото Шулан, при што пронашле и одзеле три рачни бомби со две  запалки, рамки за автоматска пушка, куршуми калибар 7,62 милиметри и други предмети.

Од страна на судија на претходна постапка на пријавените им е изречена мерка притвор.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Штип конечно доби кино

Редакција

Викенд населбата на Попова Шапка има 116 дивоградби

Редакција

Малолетничка нападната од три лица во парк во Скопје

Редакција