еМагазин
Image default
Локално

Приведен гостиварски угостител, бидејќи не го затворил ресторанот во кој имало гости

Денеска (16 март) околу 13 часот, полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 51-годишниот гостиварец А.А., сопственик на угостителски објект во Гостивар, поради тоа што во неговиот угостителски објект на ул „Гоце Делчев“, кој бил отворен спротивно на владината одлука и препораките за справување со корона вирусот, неколку лица во внатрешноста на објектот користеле услуги, односно биле послужени со храна.

А.А. е задржан во Полициската станица Гостивар и по целосното расчистување и документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.

МВР уште еднаш апелира до граѓаните целосно и безусловно да ги почитуваат мерките и да се придржуваат на владините одлуки, препораки и совети и укажува дека секое нивно непочитување адекватно ќе биде санкционирано согласно важечката законска регулатива.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Келнер нападнат на работа поради расправија во сообраќај

Редакција

Државен просветен инспекторал констатирал дека учениците немале намера да го повредат девојчето

Редакција

(Фото) Вардар се излеа кај новиот мост во Аеродром, можна причина градежните активности кои се изведуваат таму

Редакција