На 04.10.2019 полициски службеници од Eдиницата за недозволена трговија при СВР Скопје го привеле Ф.П.(25) од Скопје затоа што при претрес во неговиот дом во централното градско подрачје, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, пиштол „ЦЗ“, ловна пушка, две рамки од огнено оружје и куршуми, информира МВР.
Извршен бил претрес и во домот на неговиот татко во населбата Црниче и била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.