еМагазин
Image default
Локално

Приведен таткото на активистката Моника Ристеска поради физички напад врз неа и мајка и

На 26.05.2020 во 22.30 часот на ул.„Антон Чехов“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода С.Р.(64) од Скопје поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело, информира МВР.

„Претходно, неговата ќерка М.Р. (31) од Скопје пријавила дека околу 20.30 часот во семејниот дом на ул.„Антон Чехов“, по претходна расправија, таа и нејзината мајка К.Р. (62) од Скопје биле физички нападнати од нејзиниот татко С.Р. (64) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопшти МВР.

Инаку, ќерката која го пријавила случајот е активистката Моника Ристеска која на социјалните мрежи самата објави дека била нападната.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Активистката за легализирање на марихуаната, Моника Ристеска осудена на една година затвор

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Посебен сообраќаен режим во Скопје за Велигден: Кои улици ќе бидат блокирани

Редакција

Две мајки во ист ден пријавиле напад врз деца во центарот на Скопје

Редакција

Тешко повреден пешак по удар од „Шевролет матиз“

Редакција