На 04.04.2020 во 21 часот на ул.“Душко Поповиќ“ во населбата Бутел полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Х.Љ.(34) и М.Љ.(45) двајцата од Скопје, кои со возило „шкода“ се движеле и покрај воведената забрана за движење од Владата на РСМ, а употребиле и недозволени средства т.н. флешери, кога полициските службеници им дале наредба за запирање, информира МВР.
Двајцата биле приведени во Полициската станица Чаир и по целосното расчистување на случајот ќе следи соодветен поднесок.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.