еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Приведени седум лица за трагедијата кај Ласкарци: Неисправните сопирачки и брзото возење главни причини за несреќата

Неисправните уреди за сопирање на автобусот и возењето над дозволената брзина се главните причини за несреќата кај Ласкарци, поради што ОЈО поведе постапка против седум лица, кои се приведени во полициска станица.

Јавниот обвинител Сашо Рајчев денеска на прес-конференција рече дека ОЈО ќе побара притвор против нив и да им бидат одредени мерки на претпазливост.

„Вештачењето покажа дека главна причина за несреќата се неисправноста на уредите за сопирање на автоубост и поголемата брзина на возење над дозволената поради што изгубил контрола врз автобусот. Возачот возел 99 километри на час, а дозволената брзина е 80 километри“, рече Рачев.

Додаде дека вештачењето покажало оти возачот не користел мобилен телефон за време на несреќата.

Приведени се седум лица, меѓу кои се сопственикот на компанијата „Дурмо турс“ и возачот на автобусот.

Несреќата се случи на 13 февруари кога автобусот на „Дурмо турс“ со 51 патник излета од патот Тетово-Скопје и падна во провалија откако ја проби заштитната ограда на автопатот.

Во несреќата загинаа 15 лица, а 39 беа повредени.

МИА/Фото: Мета

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Над 800 илјади евра отштета ќе исплати осигурувањето за сообраќајката кај Ласкарци

МВР исконтролирале 49 автобуси во Скопје, 8 имале неисправни кочници

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

УЈП распродава запленети машини, пелени и влошки за да наплати данок

Редакција

Македонски Телеком и А1 во „мртва трка“ на пазарот на ТВ-услуги

Редакција

Времето денеска сончево со слаб ветер, претпладне магла

Редакција