еМагазин
Image default
Македонија

ПРИЗМА: Јанева зела 157 илјади евра за „додаток за доверливост“ и други надоместоци

ПРИЗМА објави дека поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, за време на својот мандат, зела вкупно 157.000 евра надвор од редовната плата, покажуваат официјалните информации од базата „Отворени финансии“.

Најголем дел од дополнителните 157.000 евра таа ги добивала како додаток за доверливост – да не открива што чула во „бомбите“, а земала и надоместоци за кирија и за тоа што работела вон градот во кој живее.

“Како што може да се види во базата, поранешната обвинителка секој месец земала по околу 42 евра за тоа што работи надвор од местото на живеење, 400 евра за кирија и додаток за доверливост што ѝ бил исплаќан под контото „Други трансфери“. Токму овој последен бонус е модусот преку кој Јанева ги зела најголемите суми“, пишува ПРИЗМА.

Целата сторија ОВДЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е јавниот интерес од објавување на фотографија од Јанева во куќен притвор?

Гаќи, плажа, рекет и македонска (не)правда

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Ковачевски: Илинденската и асномска идеја, и денешните генерации ја имаат пред себе

Редакција

Во Охрид опожарен угостителски објект на државниот правобранител Агрон Речи

Редакција

Брзи тестови за Ковид-19 од утре во Штип, Гостивар, Прилеп, Струмица и Кичево

Редакција