еМагазин
Image default
Македонија

ПРИЗМА: По мандатот, Коце Трајановски се подновил со куќа

ПРИЗМА објави дека поранешниот градоначалник на Скопје, Коце Трајановски се подновил со куќа по завршувањето на неговиот мандат.

Новата куќа на Трајановски, според ПРИЗМА се наоѓа на спротивната страна на реката Вардар во населбата Керамидница.

„Објектот е на самиот кеј на реката Вардар и има поглед кон населбата Аеродром. Куќата е на два ката и според податоците од Катастар, има вкупна површина од 392 квадратни метри, заедно со подрумските простории и со терасите. Сѐ уште не е вселена и ѝ се доуредуваат внатрешноста и дворот. Трајановски може да се види како ја посетува заедно со луѓето што нудат градежни или занаетчиски услуги, или како работи во дворот“, пишува ПРИЗМА.

Трајановски за БИРН потврдил дека е сопственик на куќата и дека таму планира да живее со семејството. Како што рекол, парите ги обезбедил од продажбата на станот во Автокоманда и на имот од мајката на неговата сопруга.

„Таа уште се гради, но планираме да биде семејна куќа. Станот ни е во процедура за продажба, а и бабата продаде земјиште за да можеме да ја купиме куќата“, вели Трајановски.

Целата сторија на ПРИЗМА, ОВДЕ.

Фото: Фејсбук/Трајановски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Командир на полициска станица пука со калашњиков на тераса, тврдат од ВМРО-ДПМНЕ

Редакција

Вонредна инспекција за постапката за прифаќањето и третманот на починатиот ракометар Денис Тот на клиника, најави Министерство за здравство

Редакција

Најмалку три и пол месеци се потребни за уставни измени

Редакција