еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК

Проценка на влијание на регулатива (ПВР) – или како да се креираат добри закони

Пред Владата да предложи донесување одреден закон треба да направи стручна и сеопфатна анализа и истражување дали тој закон е неопходен, дали и кому ќе му биде корисен, да ги изнајде најсоодветните начини за негово имплементирање и да процени колку ќе чини неговото спроведување.

Овој процес се нарекува ПВР – Проценка на влијание на регулативата и доколку се применуваправилно ќе доведе до квалитетни и функционални закони.

Многу важен дел од тој процес е консултацијата на сите засегнати од предлог-законот. Владата мора да ги праша граѓаните какви се нивните ставови за предлогот и дали имаат конкретни забелешки.

Освен што треба да ги праша, Владата мора и внимателно да ги слушне и разгледа забелешките за да може да ги пресретне очекувањата на граѓаните.

Без вакви анализи се ризикува законот да остане само празно слово на хартија. Лошо смислени закони може да предизвикаат потешкотии при нивното имплементирање, а на граѓаните да им создадат отежнување наместо олеснување на нивниот секојдневен живот.

Поради тоа што предлагачите на законите најчесто не применуваат ПВР или тоа го прават нецелосно, граѓаните за одреден закондознаваат откако ќе почне тој да се применува и кога лично ќе ги погоди неговата имплементација.

Истражувањата на јавното мислење направени од ИДСЦС и ЦЕА во 2017 и 2018 година, покажуваат дека процесот на проценка на влијание на регулативатае генерално непознат за јавноста. Високи 86% во 2018 година и 77% во 2017 година од анкетираните одговориле дека не слушнале за ваков процес.

За целиот процес да биде успешен многу е важно граѓаните да бидат активни односно да го искористат правото што го имаат да даваат коментари уште додека законите се само идеа, на ЕНЕР (Единствен национален електронски регистар на прописи – ener.gov.mk).

Владата и предлагачите е потребно да го овозможат ова право, но и да ги земат предвид конструктивни забелешки од грѓаните, граѓанските организации и сите вклучени во консултативниот процес.

*Проектот „Проценка на влијанието на регулативата во сенка: Промовирање на креирање политики базирани на докази во Македонија“ или кратко, „ПВР во сенка“ го спроведуваат Институт за демократија „Социетас цивилис“ и Центар за економски анализи, а е поддржан од Европската Унија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Имаме голема шанса уште во јуни да дојдеме до решение прифатливо за Скопје и Софија, вели германскиот државен министер за Европа Рот

Редакција

„Европски навики за плаќање“ – презентација на истражување спроведено од EOS

Редакција

Чешка и Словачка не се согласуваат „погрешно толкување на историјата“ да стои во заклучоците за проширувањето на ЕУ со Западен Балкан

Редакција