еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Прочистување или упад во правото: Амнестија во просек на секои 4,5 години

Македонските граѓани бурно реагираа на начинот на кој власта ги амнестира учесниците во собраниските настани на 27 април. Реакциите се оправдани ако се земе предвид дека во Македонија од осамостојувањето до денес амнестија имало шест пати или на секои 4,5 години.

Првиот закон за амнестија бил донесен во 1991 година, кога биле амнестирани затвореници и лица осудени со правосилни пресуди, но кои не отпочнале со издржување на затворските казни.

Втор пат амнестија имало во 1999 година, како дел од политичкиот договор меѓу тогашните коалициски партнери во владата, ВМРО ДПМНЕ и ДПА, со кој беа ослободени градоначалниците на Тетово и на Гостивар, Ајладин Демири и Руфи Османи, како и учесниците во обидот за отворање на Универзитетот со наставана на албански јазик во Мала Речица.

Трет пат, амнестија имаше во 2002 година, како дел од Охридскиот рамковен договор. Со неа беа ослободени од гонење и од затвор учесниците во конфликтот од 2001 година.

Во 2003 година е донесен четвртиот закон за амнестија, кој се однесувал на граѓаните кои ја одбегнувале воената обврска и самоволно се оддалечиле од вооружените сили.

Годинава е една од ретките во која имаше две амнестии (петта и шеста по ред).

Со првата им се намали затворската казна на осудениците. Со овој закон беа ослободени од издржување на затворска казна осудените лица на кои им е изречена казна до шест месеци, а оние што добиле над шест месеци, се ослободуваат од издржување на 30 отсто од целокупната казна.

Втората и најоспорувана е амнестијата која е дел од договорот за помирување меѓу власта и опозицијата со која се ослободуваат од кривично гонење, се запираат поведените кривични постапки и целосно се ослободуваат од издржување на казната затвор лицата за кои постои основано сомневање дека сториле кривично дело поврзано со настаните во Собранието на Република Македонија од 27 април 2017 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Власта со Кривичниот законик простува даночни измами: Општа амнестија на мала врата

Амнестија „кому иде“: Што да кажат затворените за кражба на ќебапчиња?

Твитер „прегреа“ за амнестијата и притворот: „Правна држава, жими ашимов“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

13 награди и 20 признанија од УНЕСКО за Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј” Битола

Редакција

Убава вест: Оздравени 393 болни од Ковид-19

Редакција

247 нови случаи на Ковид-19 од 737 тестирања

Редакција