еМагазин
Image default
Македонија

Продолжува судењето за масовното прислушување: Ново рочиште за „Таргет-Тврдина“ на СЈО

Во Кривичниот суд во Скопје денеска треба да се одржи ново рочиште за случајот за незаконско следење на комуникациите во УБК „Таргет-Тврдина“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО).

Минатото рочиште беше одложено на барање на адвокатот на обвинетиот Сашо Мијалков, Љупчо Шврговски, за да може соодветно да се подготви за исказот на сведокот на СЈО, Ѓорѓи Лазаревски.

Во предметот „Таргет-Тврдина“ на Специјалното јавно обвинителство обвинети се поранешниот началник на Петтата управа во МВР Горан Грујевски, Никола Бошкоски, поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, поранешниот директорот на УБК Сашо Мијалков, Тони Јакимовски, Владимир Варелов од УБК и уште пет други лица од Управата.

Според обвинителниот акт, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби.

Комуникацијата била следена пред да бидат издадени и по завршување на траењето на важноста на судските наредби на 1.541 број или вкупно 5.827 телефонски броеви. Прислушувани биле над 20 илјади граѓани.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Против Ковид-19 се вакцинираше и Бранко Црвенковски

Редакција

Денеска прва седница на Владата предводена од новиот премиер

Редакција

Академик Ќулавкова: Препораките на Комисијата се само уште еден обид да се проблематизира македонскиот идентитет, неговото потекло, историски развој и легитимитет

Редакција