еМагазин
Image default
Македонија

Продолжува судењето за насилството во Собрание

Во Кривичниот суд во Скопје продолжува судењето за случувањата во Собранието на 27 април минатата година.

Случајот се наоѓа во доказна постапка и за денешното рочиште е предвидено да се продолжи со читање на вештачењата од СМС и вибер комуникацијата од мобилните телефони на обвинетите.

Пред да го одложи вчерашното рочиште судијката Добрила Кацарска констатира дека одбраната повлекла дел од доказите и го утврди текот на работењето на следните рочишта.

– Откако одбраната повлече дел од предложените докази, тогаш за рочиштето на 26 ноември може да бидат повикани двајца сведоци предложени од одбраната на Муковски, а потоа да завршиме и со одбраната на Василевски, Арнаудов и Трачуловски, рече судијката Кацарска.

За случувањата во Собранието на 27 април 2017 година обвинети се вкупно 33 лица, од кои 31 лице за терористичко загрозување на уставниот поредок на државата и двајца за поттикнување.

Претходно поради влошена здравствена состојба на обвинетиот Сашко Марковски постапката за него беше одвоена и треба да продолжи по еден месец.

Меѓу обвинетите се повеќе пратеници, вработени во МВР и собраниското обезбедување, уметници. Тие пред Судот кажаа дека го разбираат обвинението, но не се чувствуваат за виновни.

На обвинителната клупа се Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Крсто Мукоски, Љупчо Димовски, Јохан Тарчуловски, Митко Чавков, Митко Пешовски, Душко Лазаров, Горан Јошевски-Леви, Оливер Поповски, Оливер Радулов, Мунир Пепиќ, Абдуљфета Алими, Елена Доцевска-Божиновска, Иван Цветановски, Борис Дамовски, Богдан Илиевски-Бетмен, Владо Јовановски, Игор Дурловски, Стефан Младеновски, Михаил Младеновски, Захарие Симовски, Младен Додевски, Јане Ченто, Горанче Ангеловски, Игор Југ, Илија Славески, Влатко Трајков, Вилијам Михајловски, Никола Митревски-Кољо, Александар Василевски-Нинџа и Митре Питроповски.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Предлог – законот за амнестија за насилството во Собрание не помина на владина станица

Додека се размислува за амнестија, дел од обвинетите за насилството во Собрание ги повлекуваат доказите

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Русковска: Во СЈО има многу добри обвинители, со задоволство би соработувала со нив

Редакција

Високиот процент на антитела не значи дека е постигнат колективен имунитет, вели заменик министерот за здравство, Рендевски

Редакција

Претседателот на Советот на јавни обвинители, Јолевски за изборот на Абази: Не сме вклучени во изборот, исклучени сме од секакво мислење

Редакција