еМагазин
Image default
Македонија

Продолжува судењето за насилството во Собранието

Во Кривичниот суд денеска продолжува судењето за случувањата на 27 април 2017 година во Собранието на Република Македонија.

Претходните две рочишта беа одложени за Апелација да одговори на сите жалби по барањата за амнестија.

На обвинителна клупа остануваат петмината кои не побараа амнестија: екс директорот на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков, началникот во МВР за униформирани лица, Душко Лазаров, еден од водачите на „За заедничка Македонија“, Игор Дурловски, Јане Ченто и Игор Југ од патриотските здруженија, како и 13 обвинети чии барања за амнестија беа одбиени.

Судот ги одби барањата за амнетсија на Александар Василевски Нинџа, Никола Митревски Кољо, Горан Ѓошевски, Митко Пешов, Оливер Поповски, Оливер Радулов, Сашо Марковски, Мунир Пепиќ, Абдуљфета Алими, Младен Додевски, Горанче Ангеловски, Влатко Трајковски и Вилијам Михајловски.

Судијката Добрила Кацарска, претходно најави, дека на следното рочиште би требало да се изврши промена на обвинителниот акт согласно Законот за амнестија и да се започне со завршни зборови.

Обвинителка Вилма Русковска, минатата недела, рече дека обвинителниот акт за случајот „27 април“ не претрпил суштински измени и останува истото кривично дело.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ангела Агелер положи заклетва како нова амбасадорка на САД во Македонија

Редакција

Само еден од новопочинатите од корона вирусот имал контакт со потврден случај

Редакција

Убава вест: 408 оздравени од Ковид-19

Редакција